Комора на органски производители

Комора на органски производители Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комора на органски производители, 11 Октомври 10, Skopje.

📍 Гостување во Собранието на Република Северна МакедонијаВо рамки на програмата на Собранискиот канал при Собрание на Ре...
03/03/2026

📍 Гостување во Собранието на Република Северна Македонија

Во рамки на програмата на Собранискиот канал при Собрание на Република Северна Македонија, претседателот на Комората на органски производители КОП, Драган Цветковиќ, говореше за значењето на новиот Закон за органско земјоделско производство и неговата улога во развојот на секторот.
Комора КОП, во рамки на своите капацитети, даде придонес во процесот на изработка на законското решение преку анализа на компаративни искуства и примери од европските и светските практики, каде со јасна регулатива и поддршка се постигнува стабилен раст на органското производство. Целта е воспоставување баланс помеѓу строгите стандарди и реалните можности на домашните фарми.

Усогласувањето со европската регулатива отвора простор за зголемена доверба, подобра пазарна позиција и проширени извозни можности за македонските органски производи. Законот претставува структурен чекор напред – кон стабилна, конкурентна и одржлива иднина на органскиот сектор.

Комора КОП останува посветен партнер на институциите и глас на производителите во процесите на реформа и развој. 🌱

Денес, Комората на органски производители на Македонија (КОП), претставувана од претседателот Драган Цветковиќ, и Национ...
09/02/2026

Денес, Комората на органски производители на Македонија (КОП), претставувана од претседателот Драган Цветковиќ, и Национална установа Музеј Куманово, претставувана од в.д. директор г-ѓа Марија Живачки, официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој НУ Музеј Куманово станува институционален партнер на меѓународната агро-бизнис конференција AGROMAK 2026.

🤝 Меморандумот се потпишува со цел:
▪ интегрирање на културното и историското наследство во програмските содржини на AGROMAK 2026,
▪ промоција на локалните вредности како клучен фактор за одржлив рурален и економски развој,
▪ јакнење на институционалната и меѓусекторска соработка помеѓу културата, науката и бизнис-заедницата.

🌍 AGROMAK 2026 е меѓународен, деловно и развојно ориентиран настан, кој обединува над 300 учесници од 21 држава, и претставува платформа за реална соработка, видливост и креирање нови развојни иницијативи.

📌 Со ова партнерство испраќаме јасна порака:
AGROMAK 2026 е отворен за нови институционални и деловни партнери кои сакаат да бидат дел од настан со содржина, кредибилитет и вистинско влијание.

📣 ГРАДИМЕ ИДНИНА. ПОВРЗУВАМЕ СВЕТОВИ. СОЗДАВАМЕ АГРОБИЗНИС ЛИДЕРСТВО.Денес официјално направивме уште еден голем и страт...
29/01/2026

📣 ГРАДИМЕ ИДНИНА. ПОВРЗУВАМЕ СВЕТОВИ. СОЗДАВАМЕ АГРОБИЗНИС ЛИДЕРСТВО.

Денес официјално направивме уште еден голем и стратешки чекор напред.
Комората на Органски Производители – КОП и Фондацијата за спорт и култура од Куманово потпишаа договор за партнерство за организација на Втората меѓународна научна агро-бизнис конференција „AGROMAK 2026“ 🌱🌍

✍️ Договорот го потпишаа:
🔹 господин Драган Цветковиќ, претседател на Комората на Органски Производители – КОП
🔹 госпоѓа Сања Јовановска – Давидовиќ, директорка на Фондацијата за спорт и култура

📅 02 – 04 април 2026 година
📍 Занаетчиски дом, Куманово

🎯 Главна тема на конференцијата:
„Локални ресурси и глобални предизвици: интегрирани пристапи кон одржлив рурален развој во ерата на климатските промени“

„AGROMAK 2026“ ќе прерасне во најголемиот и највлијателниот меѓународен научно-агро-бизнис настан во Република Македонија и поширокиот регион на Југоисточна Европа, со учество на над 200 истакнати претставници од академската заедница, науката и бизнис секторот, кои доаѓаат од 24 земји од целиот свет.

Оваа конференција не е само собир на експерти.
👉 Таа е глобална платформа за решенија,
👉 простор каде локалните потенцијали добиваат меѓународна вредност,
👉 и движечка сила за иновации, политики и одржлив рурален развој во време на климатски предизвици.

Со „AGROMAK 2026“, Македонија јасно и самоуверено се позиционира како регионален и меѓународен центар на знаење, дијалог и современи агро-бизнис практики.

🚀 Заедно создаваме влијание.
🌍 Заедно ги поврзуваме локалното и глобалното.
🌱 Заедно ја градиме иднината на одржливиот агро-бизнис.
#АгроБизнис #ОдржливРазвој #ОрганскоПроизводство
#КлиматскиПромени #РураленРазвој #НаукаИБизнис
#ЗеленаИднина

24/01/2026
29/12/2025

🌱 Органика Нова – осма година партнер на Органска Трпеза! 🌱

Се гледаме и оваа година 👉 26–28 септември 2025
📍 Спортско-рекреативен центар Куманово

✨ Саем „Органска Трпеза“ и „Агро Мак“ ✨

Бидете дел од најголемата приказна за земјоделството, технологијата, храната и традицијата
Поддржете ги македонските производители – купувајте домашно! 🇲🇰
www.organikanova.com/mk 40 години #оргалајф
Adut Gvn

Address

11 Октомври 10
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комора на органски производители posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share