Формирана 1987 година како работна организација за проектирање, надзор и инженеринг во градежништвото, под името “Креатинг Инженеринг“. Во овој период се проектирани околу 70 објекти, во инженеринг изведени 12 објекти. Во 1988 година е отворен еден од првите погони за изработка на алуминиумска браварија. Во 1998 година фирмата го менува името во “Делта Ал“ во приватна сопственост.So opredelbata za
energetski efikasni gradbi,vo 2014 se menuva imeto vo EKO DELTA. Оснивач и управител на фирмата е Гога Филипоски, дипломиран инженер архитект. Во овој период акцентот се повеќе се насочува кон занатски и завршни работи, и изведба на комплетни помали градежни објекти најчесто по систем “клуч на рака“.
Поважни изведени објекти се:
- Реконструкцина на хотел “Корзо“ во Пеќ
- Станбени згради во Макарска
- Управа на воено поморски патишта на Корчула
- Магацински простории и погон во фабрика “Иднина“ во Кратово
- Претставништво и салон на “Јеловица“ во Скопје
- Ребрендирање на салоните на “Мобимак“ во “Т - Мобиле“ (52 објекти)
- Спортска сала на средношколскиот центар во Прешево
- Реновирање на продавници на “Жито Лукс“ (22 објекти)
- Деканат на Медицински Факултет во Скопје (столарија и браварија)
- Занатски работи на станбени објекти и марината во Прага
- Реконструкција и реновирање на околу 200 индивидуални станбени објекти
- Реконструкција и уредување на околу 20 локали во ГТЦ