Првиот документарен портал “Мариово филм”( www.mariovofilm”) е бренд кој опфаќа презентација на Македонија преку патеписи, репортажи, фото репортажи и докукентарни филмови.Главна цел на порталот “Мариово филм” е претставување и запознавање на Македонија и Македонците од гледна точка на патник и посетител, но и самозапознавање на народот кој со векови живее на парчето земја која се вика Мак
едонија, а самиот себеси се нарекува Македонски.Идејата на тимот кој го работи и претставува порталот “Мариово филм”е да се посочат корените на народот кој без разлика на религија и геогравска местоположба, сепак е дел од една иста душа на едно тело наречено Македонија. „Мариово филм“ не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна која тежнее да соработува со секој Македонец и Македонка без разлика на негавите филозофски погледи и идеолошки убедувања нација каде и да се наоѓа тој.
Првиот документарен портал „Мариово филм“е наполно независен медиум .Првиот документарен портал на “Мариово филм” ќе дава подршка на сите оние иницијативи , предлози и сугестии за подобро претставување и запознавање на Македонија и Македонците, но и самозапознавање на народот кој со векови живее на парчето земја која се вика Македонија, а самиот себеси се нарекува Македонски.
Од основачите и раководителите на Првиот документарен портал за Македонија "Мариово филм"
Зоран Костески- Шваца и Лука Суша