Cems2012MK-Цемс2012МК

Cems2012MK-Цемс2012МК Centar za edukacija i menagment vo sportot

10/06/2018
Големо задоволство од тематската конференција Спортот не прави горди и обединети што се одржа Хотел,, Молика''.
10/06/2018

Големо задоволство од тематската конференција Спортот не прави горди и обединети што се одржа Хотел,, Молика''.

Успешен втор ден од семинарот во Молика. Продолжуваме утре со нови ведри теми
09/06/2018

Успешен втор ден од семинарот во Молика. Продолжуваме утре со нови ведри теми

Со големо задоволство денес имам чест да соопштам во име на ЦЕМС дека потпишавме меморандум за соработка со Спортско рад...
05/06/2018

Со големо задоволство денес имам чест да соопштам во име на ЦЕМС дека потпишавме меморандум за соработка со Спортско радио 90.3 кое ќе биде наш медиумски партнер во однос на подршка и афирмација на спортот во нашата држава. Посесебно ми е драго што во многу области заеднички ќе дадеме допринес за промовирање на спортските успеси на сите кои се вклучени во спортот. Убаво е чувството кога се соработува со докажани професионалци како што е целиот тим на Спортско радио. Со надеж за долгорочна соработка ги поздравуваме сите верни слушатели на радиото како и сите вљубеници во спортот и ветуваме целосна посветеност во однос на афирмацијата на спортот во нашата држава. Среќно

Денеска официјално ЦЕМС потпиша договор за соработка со Ирена Спировска која ќе биде Промотор и особа задолжена за орган...
05/06/2018

Денеска официјално ЦЕМС потпиша договор за соработка со Ирена Спировска која ќе биде Промотор и особа задолжена за организација на настани кои ќе бидат во организација на ЦЕМС. Се надеваме на успешна соработка и најавуваме нови проекти кои ќе бидат мошне интересни и наменети за сите но за тоа во некоја друга прилика ќе ја информираме јавноста. Продолжуваме со формирање на тимот на ЦЕМС со позитивни и креативни личности кои го сакаат спортот. Респект!!!!!

Денес на јубилејот по повод 40 години од постоење на Факултетот за Физичко  образование Спорт и Здравје имав срдечна сре...
31/05/2018

Денес на јубилејот по повод 40 години од постоење на Факултетот за Физичко образование Спорт и Здравје имав срдечна средба со ЕЛИТ членот на ЦЕМС а воедно и носител на ЗЛАТЕН МЕДАЛ на последното Европско Првенство во Карате Емил Павлов. Прекрасно е чувството кога еден млад спортист бележи врвни успеси кои не прават горди сите нас. Респект шампионе!

Албум од настанот на ЦЕМС за инвестиции во спортот. 29.05.2018 год
29/05/2018

Албум од настанот на ЦЕМС за инвестиции во спортот. 29.05.2018 год

Денес во организација на Центарот за едукација и менаџмент во спортот ЦЕМС се одржа дебата на тема инвестициите во спорт...
29/05/2018

Денес во организација на Центарот за едукација и менаџмент во спортот ЦЕМС се одржа дебата на тема инвестициите во спортот во РМ на која имаше претставници од повеќе институции и општини и се дискутираше за инвестициите во спортот како и бенефитите на компаниите кои се предвидуваат со новиот закон или ваучер систем и критериумите и насоките за инвестирање во спортот со што ќе се унапреди развојот на спортот во нашата држава. Покрај работниот дел на кој имаше доста конструктивни дискусии и предлози од присутните на кои одговори и насоки дадоа Дарко Каевски - Директор на Агенцијата за Спорт и Млади на РМ, потоа Даниел Димевски - Советник за Спорт на претседателот на Владата на РМ како и Ѓорѓи Тасев исто така Советник на претседателот на Владата на РМ за Млади и Спорт, имаше и Свечен дел на кои од име на ЦЕМС беа доделени неколку Благодарници на компании за инвестирање и унапредување на спортот во РМ. Исто така беа наградени и неколку личности кои имаат заслуга во делот на инвестициите во спортот, а како посебно признание за долгогодишно инвестирање и помагање за развој на спортот во РМ од страна на претседателот на ЦЕМС му беше доделено на г-дин Михајло Михајловски кој по добивањето на наградите се обрати до сите присутни со апел да се инвестира во спортот за доброто на сите граѓани а пред се на спортистите. Во име на ЦЕМС им благодариме за присуството и активното учество на сите учесници на денешната дебата како и на нашите партнери и членови на Советот на ЦЕМС кои несебично се вложуваат целосно за заеднички успеси.

Голема чест имам денес да соопштам од мое име на сите во  ЦЕМС дека покрај помошта и активностите наменети  кон младите ...
26/05/2018

Голема чест имам денес да соопштам од мое име на сите во ЦЕМС дека покрај помошта и активностите наменети кон младите и талентирани спортисти ќе имаме мисија и подршка на спортските ветерани кои во минатото имале многу заслуги за афирмација на Спортот во нашата држава. Еден од нив кого го промовираме како прв ВИП ЧЛЕН на ЦЕМС е Драган Мутибариќ, легенда на просторите на СФРЈ и Р. МАКЕДОНИЈА, човек кој како голман остави траен белег со настапите во ФК Вардар, со настапите исто така за репрезентација на поранешна СФРЈ, во Шалке како и во неколку клубови Трепча , Тетекс, Скопје, Македонија ЃП,. Човек кој е првиот тренер на голмани во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија и долгогодишен тренер на голмани во ФК Вардар во првата екипа и во младите категории каде извади плејада врвни голмани кои беа успешни во своите понатамошни кариери. Добитник е на 13 Ноемвриска награда за спорт на град Скопје и 4 пати прогласуван за спортист на годината во Р. МАКЕДОНИЈА , човек кого навивачите го носеа на раце после секој успех на Вардар и кој беше идол на младите генерации. Редок лик кој целиот живот го посвети на фудбалот, на работа со младите и ред е сега младите генерации и сите кои имаме можност да му вратиме со добри дела. Неговата моментална позиција е тешка со минимална пензија егзистира заедно со сопругата Милица која нема пензија и било какви примања. Затоа со чисто срце ги повикувам сите пријатели на фудбалот и спортот како и институции и компании да помогнат на иницијативата на ЦЕМС притоа правејќи нешто свето да се помогне на една спортска легенда која има испишано историја за градот Скопје и Република Македонија. Започнуваме од понеделник во кампања за подршка на спортската легенда Драган Мутибариќ. Ве очекуваме да ни се придружите заедно да направиме добро дело.
Сите кои сакаат да помогнат може да не контактираат на тел 070 37 80 34 или да уплатат средства со цел на
дознака :донација за Драган Мутибариќ на нашата трансакциска сметка на Центарот за едукација и менаџмент во Спортот која гласи :270 068 144 92 0134 во Халк Банка - Скопје. Да бидеме хумани!!!!!!

Чест е да се биде во функција на најмладите на оние за кои Центарот за едукација и менаџмент во спортот ЦЕМС постои. Ден...
22/05/2018

Чест е да се биде во функција на најмладите на оние за кои Центарот за едукација и менаџмент во спортот ЦЕМС постои. Денес започнавме во соработка со Факултетот за Физичко Образование Спорт и Здравје со проектот за едукација на млади спортисти.
Започнавме во општина Ѓорче Петров каде на почетокот имавме свечен дел во кој на истакнати спортски работници од разни спортови од име на ЦЕМС им беа доделени Благодарници за унапредување и развој на спортот во Ѓорче Петров.
За прв пат беа промовирани и ЕЛИТ членови млади талентирани спортисти од Ѓорче Петров кои ќе бидат помогнати од ЦЕМС но и мод општината во понатамошниот нивни развој. Следуваше едукација од професорите каде децата уживаа во драгоцените совети и интерактивно учествуваа и споделуваа мислења за теми од областа на спортската психологија и совети за здрава исхрана. На сите присутни беа доделени Сертификати за Едукација од ЦЕМС. Во име на ЦЕМС најавуваме следни настани за едукација и во другите општини со цел младите спортисти и претставниците на училишниот спорт да можат да бидат едуцирани бидејќи тоа е наша обврска. На крајот сакам да ја поздравам и да се заблагодарам за подршката и коректниот однос на Градоначалникот на општина Ѓорче Петров г-дин Александар Наумоски кој несебично се залага за афирмација и унапредување на спортот во Ѓорче Петров за што доби и Благодарница од име на ЦЕМС. Респект за сите присутни!!!!!!!

Големо задоволство од денешната промоција на соработката помеѓу ЦЕМС и Ренато Вугринец во делот на Ракометниот камп ЦЕМС...
20/05/2018

Големо задоволство од денешната промоција на соработката помеѓу ЦЕМС и Ренато Вугринец во делот на Ракометниот камп ЦЕМС _Ренато Вугринец кој ќе се одржи од 20 до 29 Август 2018 год во кампот Ливадиште во Струга на кои ќе можат да учествуваат ракометари и ракометарки од 10 до 18 годишна возраст. Воедно посебна благодарност до г-дин Бјерн Јакобсен генерален менаџер на ЕЛИТ Спорт од Данска менаџерска агенција специјализирана за ракомет со кого ЦЕМС во наредните 4 години ќе има соработка во делот на организација на кампови, турнири меѓународни натпревари и секако активности од областа на ракометот во регионот. Исто така Бјерн Јакобсен беше промовиран како претседател на Меѓународниот Совет за ракомет на ЦЕМС. Горди сме и среќни што ќе имаме нов проект со стартот на Ракометен Клуб ЦЕМС 2018 кој ќе биде со машка и женска екипа и се разбира со младински категории каде во својство на претседател ќе биде Бојан Захариев додека Ренато Вугринец ќе биде Тим Менаџер на клубот. Клубот ќе делува на територија на општина Карпош која ја поддржа идејата и концептот за работа и дејствување и ќе го помага клубот се разбира за афирмација и можност на младите да спортуваат и да се дружат едуцирајќи се во секој сегмент на ракометната игра. Соработката со ЕЛИТ Спорт од Данска ќе биде драгоцена во делот на афирмација и промоција на РК ЦЕМС 2018 во Европа. Очекуваме дека ќе создадеме нови врвни ракометари и ракометарки со кои Р. Македонија ќе се гордее во иднина. Респект и голема благодарност за подршката на сите пријатели и подржувачи на нашиот нов клуб. Среќно и да бидеме успешни!!!!!

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Cems2012MK-Цемс2012МК posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share