21/02/2026
Тао Те Wellnes во Полихроно е апартмантски комплекс од 12 соби, сместен на мал рид помеѓу планини од мала височина, со прекрасен поглед кон морето и планините. Единствен по тоа што нуди прекрасно чувство на мир и спокој преку целата сезона, иако се наоѓа на многу мала оддалеченост од најпосетените места на кракот Касандра. Идеален избор за оние кои сакаат да ја избегнат вревата и гужвата во текот на летната сезона, а сепак само за неколку минути да стигнат до најатрактивните плажи.
Комплексот има сопствен заграден двор со децениски негувана вегетација, маслинки, кактуси, лимони и дрвја од разни видови. Раполага со базен и бар покрај базенот со поглед на море.
Локација
Локациски е сместен помеѓу Полихроно и Ханиоти, на 550 метри оддалеченост од песочна плажа или на 20 минути одење до плажата во Полихроно, односно 15 минути одење до центарот на Полихроно. Само за неколку минути возење се стигнува до најатрактивните плажи на првиот крак Касандра.
Со оглед дека објектот е поставен на височина, како и температурите во летниот период во овој регион, нашата препорака е гостите да имаат сопствено возило за време на престојот.
Соби
Сите соби имаат сопствена тераса со поглед на море. Собите се пространи, располагаат со кујна со основна опрема, клима уред и WiFi.
Двокреветните соби се со површина од 25м2, со можност за трет кревет или додавање на помошен кревет.
Двособните апартмани се со површина од 35м2, со три или четири кревети и можност за помошен кревет, до максимален капацитет за 5 лица.
Користење на дополнителен или помошен кревет оди со доплата.
Паркинг
Комплексот има сопствен паркинг, кој не се наплатува дополнително.
Оценето со 5.0 ⭐️на Google од нашите гости.
За резервации и информации обратете се во DM или порака:
+389 70 365 764