11/12/2021
Ако ова го пишува највисоката научна имституција во државата, што после тоа останува? “Обвинувам за велепредавство, за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.
Обвинувам за распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шевови.
Обвинувам за поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака, доброволно, од ќеф, за грст долари, за нестварен сон, за илузија, за „повисока цел“.
Обвинувам за големи лаги, круцијални предавства и празни ветувања што ги направија нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, анксиозни, вознемирени, депресивни, конфузни, очајни.
Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.“
Насловот на денешнава колумна – „Обвинувам!“ е позајмен од писмото објавено на насловната страница во весникот „Зора“ на 13 јануари 1898 г., во кое Емил Зола ги обви....