29/06/2026
На барање на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на прегледноста на патниот правец низ Националниот парк Пелистер кон Хотел Молика, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонија Пат, во текот на денешниот ден изврши косење на тревната вегетација и расчистување на делови од патот.
Со оваа активност значително се подобрува видливоста за учесниците во сообраќајот, како и целокупниот изглед на патниот правец кој води до Хотел Молика.
Во оваа прилика, упатуваме искрена благодарност до ЈП Македонија Пат за нивната поддршка, професионален ангажман и посветеност во насока на обезбедување поголема безбедност за посетителите и создавање на подобри услови за сите гости на Националниот парк Пелистер и Хотел Молика.
Заедно придонесуваме за побезбедна и поубава туристичка дестинација.