25/08/2026
Почитувани,
Во овој пост сакаме да изразиме неизмерна благодарност, во име на Villa Bigla Lux, до сите кои несебично се вклучија во гаснењето на пожарот во с. Бигла.
Искрена благодарност до градоначалникот на Општина Делчево, ЈП „Национални шуми“, ТППЕ Делчево, ЦУК, ДЗС, ОО ЦК, МВР и сите останати служби и екипи кои беа на терен. Благодарност и до delcevo365 за медиумската покриеност, навременото информирање и повикот за волонтери, со што помогнаа информацијата брзо да стигне до што поголем број луѓе.
Посебна благодарност до ТППЕ Делчево, противпожарните единици од околните градови, доброволните противпожарни друштва, сите пожарникари, волонтери и до нашите Биглање, кои беа на терен и дадоа сè од себе во борбата со огнот.
Огромна благодарност и до нашите многубројни роднини и пријатели, кои веднаш ни се придружија, заедно и синхронизирано со надлежните институции и екипите на терен, вложија огромен труд огнот да не стигне до Villa Bigla Lux.
Во тие моменти секој помагаше со она што го имаше и можеше. Villa Bigla Lux беше ставена целосно на располагање на екипите и волонтерите – со вода и храна за луѓето на терен, како и со вода за полнење на цистерните кои учествуваа во гаснењето. За нас, тоа беше најмалку што можевме да направиме.
Настаните од претходните денови уште еднаш нè потсетија колку значат слогата, солидарноста и заедништвото во тешките моменти.
Villa Bigla Lux е подготвена да продолжи со работа. Сите постоечки и претстојни резервации продолжуваат да се реализираат по нормален тек.
Од срце, благодарност до секој што помогна да се заштити Бигла. ❤️