Hotel La Terrazza

Hotel La Terrazza Хотел ЛаТераца е лоциран во Стар Дојран, наспроти Дојранското крајбрежје, на 2 км од Грчката граница.

04/05/2026

Почитувани соработници, колеги и пријатели,

Ве известуваме дека во периодот од 08.06. до 12.06. 2026 год., во хотелот "Ла Тераса" во Дојран на самиот брег на Дојранското езеро, ќе се одржи семинар во организација на Истражувачки Технолошки центар од Нови Сад од страна на реномирани професори и консултанти од Техничко - Технолошкиот факултет од Нови Сад.

Во горе наведениот термин ке бидат организирани 4 инструктивно-информативни семинари со атрактивни програми на полето на унапредување на Квалитетот на работа, согласно со меѓународните стандарди:

1. Семинар S-01, Како да се воведе Систем за менаџирање на квалитет -
ISO 9001:2015, со посебен осврт на најновите измени на ISO/DIS 9001:2025;

2. Семинар S-02, Како да се воведе Систем за менаџирање на животна средина - ISO 14001:2026, најновата верзија на стандардот;

3. Семинар S-03, Како да се воведе Систем за менаџирање на Безбедност и здравје на работа , - ISO 45001:2018;

4. Семинар S-04, Обука за интерни проверувачи, а се однесуваат на овие стандарди: ISO 9001:2015; ISO 14001:2026 и ISO 45001:2018;

Оние што ке се определат за следниве стандарди S-01, S-02 i S-03 работат по групи на изработка на конкретни задачи со помош на ментори. После тоа добиваат Сертификат дека учествувале на избраниот семинар и ги добиваат резултатите на работите на сите групи во електронска форма.

Оние што ќе се определат за семинарот S-04 работат по посебна програма и на крај се полага испит, после кој добиваат Сертификат за интерни проверувачи.

Комерцијалните услови ги опфаќаат котизациите заедно со материјалите за пректична работа и смештај во хотелот “Ла Тераса” на база на 4 пансиони, почнувајки со вечера на 08.06.2026 г. завршно со ручек на 12.06.2026г.

Котизацијата за семинарите S-01, S-02 i S-03 изнесува 260 Евра (претворено во МКД) za првиот ученик од една организација, a 220 Евра (претворено во МКД) за секој нареден учесник од истата организација.

Котизацијата за семинарот S-04 изнесува 300 Евра (претворено во МКД) za првиот ученик од една организација, a 250 Евра (претворено во МКД) за секој нареден учесник од истата организација. Учесниците на S-04 имаат можност за полагање испит на сите три стандарди.

Трошоците за сместување во еднокреветна соба на база на 4 пансиони изнесува 4.200,00 МКД по ноќ. Трошоците за двокреветна соба изнесува 3.300,00 МКД по ноќ, вклучувајќи ги и сите такси.

Во трошоците е вклучена и свечена вечера.

Трошоците за сместување и котизација заедно со ДДВ уплатете ги на:

ХСХ ГРУП ДОО Скопје, подружница ХОТЕЛ ЛА ТЕРАЗЗА, ул.Маршал Тито бб, Стар Дојран.
Даночен број: МК4038012505886,
Жиро сметка: 270-0678597201-52,
Депонент банка Халк Банка.
Е-маил: [email protected] до 03.06.2026 г.

За подетални информации Ве молиме обратете се на : 075 444 634 - Љупчо


Прилог: Детална Програма за работа на Семинарите

ПРОГРАМ НА РАБОТА НА СЕМИНАРОТ S-01, S-02 i S-03

Основни Информации
Цел на Семинарите
Обука за примена на ISO 9001 со посебен осврт на новата верзија на ISO/DIS 9001:2025, ISO 14001 и ISO 45001

Содржина на Семинарите
·​Предавање и вежби
·​Изработка на групни задачи
• Презентација на работата на групите
Материјал
·​Скрипта “како да ги исполните барањата од стандардите“
·​Подлога за изработка на барањата

ПРОГРАМА

08.06.2026.
19:00 - 20:00
• Регистрација на учесниците

09.06.2026.
08:30 - 09:30
• Регистрација на учесниците

09:30 - 11:00
− Отварање на Семинарите
− Општо за Стандардизација и сертификација
− Барањата на ISO 9001 – општо околу барањата и како да ги задоволите барањата, со посебен осврт на барањата на новата верзија на стандардот

11:00 - 11:30
Кафе пауза

11:30 - 13:00
− Барањата на ISO 14001 – општо околу барањата и како да ги задоволите барањата на најновата верзија од 2026 год
− Барањата на ISO 45001 – општо околу барањата и како да ги задоволите барањата


Пауза за ручек и одмор

17:30 –
− Поделба на учесниците по групи
− Инструкции за работа на групата

10.06.2026. и 11.06.2026.
09:00 - 13:00
• Практичен дел за изработка на задачите:
− Дефинирање на контекстот на организацијата
− Проценка на ризик за одбраниот процес и мерки за снижување на ризикот
− Изработка на процедури за избраниот процес


Пауза за ручек и одмор

17:30 – 19:00
• Практичен дел за изработка на задачите:
− Дефинирање на контекстот на организацијата
− Проценка на ризик за одбраниот процес и мерки за снижување на ризикот
− Изработка на процедури за избраниот процес

12.06.2026.
09:00
• Презентација на практичната работа на групата
• Анализа на успешноста на Семинарот
• Заклучна расправа, поделба на материјалот на практичните работи на групите и доделување на сертификати


За подетални информации Ве молиме јавете се на : 075 444 634 - Љупчо

Благодарни сме на признанието за нашиот труд, квалитет и посветеност кон секој гостин.Ви благодариме на сите што сте дел...
11/12/2025

Благодарни сме на признанието за нашиот труд, квалитет и посветеност кон секој гостин.
Ви благодариме на сите што сте дел од нашата приказна! 🤍

🌟 Совршено време за мини одмор!Од 05 до 08 декември 2025, во La Terrazza уживајте во мирен амбиент, релаксирачки поглед ...
30/11/2025

🌟 Совршено време за мини одмор!
Од 05 до 08 декември 2025, во La Terrazza уживајте во мирен амбиент, релаксирачки поглед и 20% попуст на сместување.
✨ Резервирајте го вашиот престој, уживајте во погледот кон езерото и дозволете си моменти на вистинска хармонија.
📞 +389 34 220 220
📞 +389 71 245 033
📞 +389 72 204 110

Промотивна понуда 05.09. - 08.09.2025 ‼️- Пакет аранжман 3 ноќевања со појадок: 3600 денари по лице ❗️ - За деца до 6 го...
02/09/2025

Промотивна понуда 05.09. - 08.09.2025 ‼️

- Пакет аранжман 3 ноќевања со појадок: 3600 денари по лице ❗️

- За деца до 6 години бесплатно, од 6 до 12 години 50% ❗️

Информации и резервации:
📞 034 220 220
📞 071 245 033

Наскоро нов комплекс ❗️
08/04/2025

Наскоро нов комплекс ❗️

Хотел Ла Тераца има потреба од рецепционер/ка. Плата: 36.000 денари 📞 072 204 110📞 071 211 203
03/02/2025

Хотел Ла Тераца има потреба од рецепционер/ка.

Плата: 36.000 денари

📞 072 204 110
📞 071 211 203

25/09/2024

Промотивна понуда 10.10 - 13.10.2024 ‼️

- Пакет аранжман 3 ноќевања со појадок: 3600 денари по лице ❗️

- За деца до 6 години бесплатно, од 6 до 12 години 50% ❗️

Информации и резервации:
📞 034 220 220
📞 071 245 033
📞 072 204 110

Промотивна понуда 06.09 - 09.09.2024 ‼️- Пакет аранжман 3 ноќевања со појадок: 3600 денари по лице ❗️ - За деца до 6 год...
05/09/2024

Промотивна понуда 06.09 - 09.09.2024 ‼️

- Пакет аранжман 3 ноќевања со појадок: 3600 денари по лице ❗️

- За деца до 6 години бесплатно, од 6 до 12 години 50% ❗️

Информации и резервации:
📞 034 220 220
📞 071 245 033
📞 072 204 110

16/07/2024

Хотел Ла Тераца има потреба од рецепционери/ки.

Телефон за контакт:
📞 072 204 110
📞 071 211 203

Хотел ЛаТераца е лоциран во Стар Дојран, наспроти Дојранското крајбрежје, на 2 км од Грчката граница.

Address

Dojran
1487

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Hotel La Terrazza posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Hotel La Terrazza:

Share

Category