Вила Катерина е планинско одморалиште лоцирано на Кожуф планина-Смрдлива вода, Југоисточна Македонија.
Располагаме со 4 трокреветни соби, секоја опремена со купатило со туш батерија.
Одлично место каде може да дишете чист и свеж планински воздух и да се релаксирате од брзиот и динамичен живот, градската гужва и напорните работни денови.
Туристичкиот локалитет Смрдлива Вода, се наоѓа на надморс
ка височина од 850 метри, а од градот Гевгелија е оддалечен 24 километри. Го зафаќа просторот помеѓу врвовите Флора, Аџибарица, Белези и селото Конско. Познат е по минералната вода и нејзината лековитост за стомачни и заболувања на желудникот и бубрезите.
За „Смрдлива вода“ на Кожув - велат дека е вистинско чудо. Минерални лековити извори, место каде завршува медитеранската и се чувствува блогодетот на континенталната клима. Со години е викенд дестинација за гевгеличани – но сега привлечна локација за одмор на многумина од цела Македонија.
Одлично место каде може да се релаксирате од брзиот и динамичен живот, градската гужва и напорните работни денови.