13/12/2021
ℹ️ ПОВИК за прибирање на понуди
ДТУ Бегова Корија ДОО Скопје објавува повик за прибирање на понуди за проектирање и изведба на типски објекти - “Дрвени куќи”, на развиена површина од 9.529 м2, согласно АУП - Град Крушево, вон населено место, Перкан Проект, објект Авантуристички парк Корија - Крушево.
Проценета вредност на инвестиција во износ од 480.000€, само објекти без приклучок на веќе изведени инсталации во градежна парцела.
Обрушување на постоечки објекти не е предмет на оваа понуда.
Ресторанот и пропратни спортски и едукативни содржини и објекти не се предмет на оваа понуда.
☑️ Понудата треба да содржи три елементи:
1. Референци и опрема;
2. Предлог проектно решение;
3. Понуда за изведба.
1. Референци и опрема
Се доставува референтна листа за изведени или учество во изведба на слични објекти, вклучително и опрема на располагање, соодветна на проектот.
2. Предлог проектно решение
Проектното решение да биде на ниво на разработен идеен проект, со сите фази, вклучително фундирање и објект.
Основен проект ќе се изработи по доделување на договор за проектирање и изведба.
Предвидени се два типа објекти:
- од 35 до 45 м2, еден кат;
- од 50 до 60 м2, два ката;
Предлог решението е ваша идеја, без ограничувања од страна на инвеститор.
Предвидените материјали за вградување и статичките пресметки треба да задоволуваат критериуми за енергетска ефикасност и еко квалитети, соодветни за градба на 1400м.н.в.
3. Понуда за изведба
Понудата да содржи два дела:
а. Изведба на фундамент
Типски фундаменти, кои ќе содржат единечни цени со променливи количини на работи, согласно теренските услови;
(доволно е само цена за единечен фундамент, а во договорот за изведба ќе бидат прецизирани детали за теренски услови и исплата на зголемени количини)
б. Изведба на објект
Типски два објекти, кои содржат единечни цени без променливи количини, со точен опис на тип и квалитет на материјали;
Договорот за изведба ќе биде со клаузула “Клуч на рака”, освен делот за изведба на фундирањето.
Движење на цени нема да се признаваат за времетраење на целосната реализација на проектот, во траење од 2 години!!!
Евалуација на понудите ќе биде на база на компаративна анализа на тип на проектно решение, квалитет на материјали, цена и рок за изведба по единечен објект.
Вашите понуди да ги доставите на:
email: [email protected]
Консултации на тел. 071305030
Ве молиме за сериозност и професионалност во процесот на изготвување на понудите, без појава на “ентузијасти” во областа!
Се очекуваат потврдени и понудувачи со искуство во областа!
Однапред Ви благодариме,
ДТУ Бегова Корија ДОО Скопје