07/05/2026
✨ Незаборавни моменти во Villa Krusevo Inn ✨
Посебна чест и задоволство нѝ е кога нашата вила е дел од вашите најубави животни приказни! Изминатиов период имавме привилегија да бидеме домаќини на една прекрасна група девојки кои избраа токму кај нас да ја прослават својата моминска забава.
Благодарни сме за довербата што нѝ ја укажавте и за позитивната енергија со која ја исполнивте Villa Krusevo Inn. Секогаш се трудиме да обезбедиме амбиент каде пријателствата се негуваат, а спомените остануваат вечни. 🥂💍
Ви благодариме што бевте наши гости и што нѝ дозволивте да бидеме дел од вашата прослава во срцето на прекрасното Крушево. Се гледаме повторно за некоја следна убава пригода!
Со почит,
Тимот на Villa Krusevo Inn 🏔️✨