Куманово Спа е нов и модерен мултифункционален објект кој располага со:
• Rooftop Bar & Spa - доживејте комплетно задоволство во луксузен infinity базен со минерална вода и импресивен поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот. За уживањето да биде целосно, тука е и кафе-барот со панорамски поглед, кој, без разлика дали го пиете вашето утринско или попладневно кафе, вашиот омилен коктел, вино или
виски, ќе биде совршено место за неповторлива и незаборавна дружба со пријателите.
• Затворен базен со познатата кумановска минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Според разни хемиски испитувања и анализи, оваа термална вода по квалитетот е на второ место во Европа, веднаш по познатите Карлови Вари. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото. Базенот се простира на површина од 80м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.
• Ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Во ресторанот, кој има капацитет од 150 гости, се запазени сите Ковид-19 стандарди и протоколи, како и препораките за социјални дистанцирање. Огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови, како и специјалитети во вистинска смисла на зборот. Тука е и навремената и секогаш љубезна услуга.
• Соби - во склоп на објектот има и хотел со 21 пространа и комфорна соба. Секоја е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга. Хигиената во собите е според сите Ковид-19 стандарди и протоколи.
• Спа центар изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера, кој вклучува врвни третмани за лице и тело по пристапни цени, како и масажа, сауна и џакузи. Одличен избор доколку сакате да го смирите умот и да го опуштите телото.
• Медицински услуги - искусен и сертифициран медициски персонал кој нуди разни услуги поврзани со бањата и минералната вода.
Објектот е лоциран на само 3км од центарот на Куманово, 5км од магистралниот автопат А1, кој ги поврзува Србија и Грција, како и 1км од регионалниот пат Е-871, кој ја поврзува Македонија со Бугарија.
ЦЕНОВНИК
ROOFTOP BAR & SPA
1) Од 20 до 01 часот бесплатен влез со резервација
2) Од 09 до 18.30 часот:
• Влезница - 500 денари (1 лице)
• Топ пакет - 800 денари (2 лица)
• Фамилијарен пакет - 1.200 денари (двајца возрасни + четири деца)
• Лежалка - 300 денари (по лице)
3) Организирани групи - цена по договор
СПА ЦЕНТАР
• 1 ЧАС - 12 евра (700 денари) еднократно користење на затворен базен, сауна и парна бања од 20.00 часот со резервација
• 1 ЧАС - 7 евра (500 денари) еднократно користење на затворен базен до 20.00 часот, без сауна и парна бања
• МЕСЕЧНА КАРТА- 100 евра (6000 денари) неограничено користење
• За повеќе од 10 карти следува бесплатен консултативен бањски преглед
МАСАЖИ
• Парцијална - 700 денари
• Релакс - 1.200 денари
• Спортска - 1.200 денари
ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ кој вклучува масажа, користење на бања со познатата кумановска минерална вода, сауна и парна бања за само 1.500 денари. Времетраењето на пакетот е 2 часа.