B premium

B premium B PREMIUM APARTMENT

Основни информации
Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Па сепак не сме свесни дека храната што ја јадеме е само дел од целокупниот процес на исхрана. За да бидеме здрави и витални не е важно само што јадеме, туку и колку брзо јадеме и дали правилно ја вариме храната, дали нашиот организам ја апсорбира и, најважното, дали храната се асимилира, односно, да

ли клетката ја прифаќа и ја искористува.
Чудно е тоа што луѓето во најголем број случаи јадат обилни оброци, а сепак чувствуваат замор и страдаат од разни заболувања. Од друга страна, има и многу луѓе што јадат малку, а сепак имаат прекумерна телесна тежина. Причината е во тоа што половината од луѓето на Земјата денес, поради неправилниот начин на исхрана, јадат прекумерно а истовремено се потхранети, односно, клетката не ги добива сите неопходни хранливи материи за да може правилно да си ги извршува своите функции. Како резултат на тоа организмот почнува да покажува знаци на заболување. За да бидете здрави, цврсти и витални, клетката мора да се храни и да се чисти како што треба, за да може да оздрави и да се ревитализира.
Луѓето најчесто почнуваат да мислат на своето здравје дури тогаш кога нешто ќе тргне наопаку. Благодарение на неверојатната издржливост на човечкото тело, на повеќето сериозни заболувања како што се ракот и кардиоваскуларните болести им е потребно подолго време за да земат сериозен замав. За жал, во моментот кога ќе ги забележиме симптомите, може веќе да биде доцна да се преземе било што. За да ги избегнеме ваквите состојби, треба совреме да почнеме со оптимална исхрана, којашто е и превентива и лек. Оптималната исхрана значи да се внесуваат малку масти, сол и шеќери што брзо се ослободуваат во организмот, а истовремено да се внесуваат обилни количества диететски влакна или фитонутриенси. Фитонутриенсите се наоѓаат пред сè во кората на разните видови овошје и зеленчук, а во помало количество ги има и во житариците и семките (ликопен - моќен антиоксиданс пронајден во црвениот пигмент на доматот, лутеин - каратеноид што се наоѓа во темнозелените зелечуци и во овошјето, посебно важен за видот, биофлавоноиди - антиоксиданси што дејствуваат заедно со витаминот Ц за да ја спречат појавата на оксидација на витамините, се наоѓаат во голем број овошја и зеленчуци како на пр. во кајсијата, боровницата, брокулата, портокалот, во лимонот...)
Клеточната исхрана на клетките во човечкото тело со сигурност им ги обезбедува сите важни хранливи и микрохранливи состојки.
Овој вид храна содржи хранливи и лековити билки. Луѓето веќе со илјадници години се лечат со лековити билки. А сега и вие можете во својата секојдневна исхрана да внесувате лековити билки потребни за подобро здравје, енергија и виталност.
Денес знаееме дека над 70% од болестите се предизвикани од лошата и неправилна исхрана. Долгорочно гледано, терапиите со диети и со земање лекарства се сосем погрешни!
Прекумерната телесна тежина – дебелината – претставува сериозен здравствен проблем на денешнината и ја забрзува појавата и развојот на други болести, пред сè болести на срцето, крвните садови и на коските. Не е ни чудо што имаме толку потешкотии со работата на системот за варење – годишно внесуваме преку 500 кг храна. Правилната исхрана е единствената вистинска и здрава терапија со која се постигнуваат трајни резултати.
Со употребата на клеточната храна ќе можете:
1. да ја достигнете својата идеална телесна тежина (ќе јадете и ќе слабеете) што ќе можете и да ја одржувате, а притоа ќе се чувствувате добро и ќе бидете задоволни,
2. да го ревитализирате и да го излечите своето тело,
3. да почувствувате виталност и да добиете поубав изглед.

Ви ја претставуваме линијата производи на ShapeWorks® зад која стоји науката и истражувањата на на проф. д-р Дејвид Хибер (David Heber), претседател на советодавниот одбор за глобална исхрана при Herbalife (GNAB – Herbalife’s Global Nutrition Advisory Board). Проф. Хибер смета дека програмите за контрола на тежината треба да бидат прилагодени за секој човек поединечно и притоа да се зема предвид неговата општа здравствена состојба, телесната градба и начинот на живот. Оваа филозофија е вградена во линијата ShapeWorks® што ги задоволува дневните потреби на телото од протеини. Проф. Хибер предлага високопротеинските напитоци, заедно со здравите оброци и телесни вежби бидат основа на успешно контролирање на тежината.

25/11/2025

Address

Oktomvriska Revolucija

1300

Telephone

078906112

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when B premium posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to B premium:

  • Want your business to be the top-listed Hotel?

Share