20/01/2026
На 31. јануари и 1. февруари 2026, најавтентичните домаќинства од цела Македонија, кои нудат сместување и многу повеќе од тоа, доаѓаат во срцето на Скопје, во Јавна Соба!
Преку дводневен саем за туризам, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со сместувачките капацитети, програмите за сите генерации кои се нудат во домаќинствата, деликатесите и амбиентот што ги нудат – сè на едно место.
Сместувачки капацитети
Запознајте се со рурални домаќинства од цела Македонија со капацитет до 20 легла, мали и автентични винарии со можност за сместување и дегустации, како и агро и рурални бизниси кои нудат мир, природа и топло гостопримство.
Посетителите ќе се информираат за можности за подолг престој, вистинско рурално доживување, адреналински активности во природа, часови по традиционално готвење и други автентични искуства.
Програма и активности
Саемот нуди детални информации за организирани активности во самите домаќинства, настани во природа за групи и поединци, за деца, млади и возрасни, за професионалци, странски и домашни посетители, гастрономски и вински искуства, работилници за деца и возрасни, како и музички и стенд-ап перформанси.
Органски продукти и неискусени локални вкусови
За време на саемот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат органски производи, вина, ракии, најразлични деликатеси, традиционални специјалитети и преработки од различни региони на Македонија – директно од луѓето што ги одгледуваат, произведуваат и создаваат.
Овој саем е дел од пошироката визија за одржлив и креативен туризам, каде посетителот не е само гостин, туку активен учесник – некој што останува подолго, искусува, учи, вкусува подлабоко и се поврзува со местото и луѓето.
📍 Локација: Јавна Соба, 50-та Дивизија 22, Скопје
📅 Датум: сабота, 31.јануари и недела, 1.февруари 2026
🕙 Време: 10:00 – 17:00ч
🆓️ Влез: Слободен
Организирано од Јавна Соба, Земјоделски Институт Скопје, Министерство за Култура и Туризам, Амбасада на Република Словенија, Швајцарска Програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ