14/07/2026
Испративме денес прекрасна генерација на деца од Скопје, Радовиш и Кичево.
Една недела другарување.
Кога гледаш како играат децата, едноставно приметуваш дека си зачувал дел од детето во себе.
Денес исто дојдоа нови деца од Кавадарци, Градско и Чашка.
Овака се менуваат децата во летниот период веќе 65 години во детското одморалиште ,,Детска радост" во Охрид.
Местото стана центар каде што другаруваат најголем број на деца во летнот период во цела држава, со тенденција да расте уште повеќе.
Место каде што се добиваат првите лекции за доверба, разбирање, човечност, а понекогаш ќе се допре и до првата љубов.