23/07/2026
👌
„Понекогаш си мислам дека сите ние имаме по едно место на светот што никогаш не престанува да нè чека. Некој го наоѓа рано. Некој дури по дваесет и кусур години. Владо Пупиновски го барал својот пат во Америка. Таму живеел повеќе од две децении, работел, свирел кларинет и саксофон, создал кариера и научил што значи да успееш во земја каде што никој ништо не ти должи.
Но, приказната не завршила таму. Се вратил во Охрид. Не затоа што Америка престанала да биде добра. Туку затоа што домот повторно почнал да има смисла. Денес зад него стојат неколку успешни градежни проекти, три препознатливи вили на кои во целост, без грам компромис е применета охридската архитектура и еден детаљ што речиси никој не го знае. Под едната од нив се наоѓа природна карпа. Не ја урнал. Не ја покрил. Не ја претворил во пречка. Околу неа изградил вински подрум.
Во време кога сите сакаме сè да биде ново, можеби токму тоа е најинтересното кај Владо Пупиновски: знае кога треба да создава, но и кога треба нешто да остави такво какво што го создала природата. И додека разговаравме, не можев да не си го поставам прашањето: Дали човекот го гради просторот, или просторот на крајот го гради човекот?“
Vlado Pupinoski
Прочитајте го интервјуто на линкот во коментар.