24/06/2024
😎🥳🤩
ВНИМАНИЕ!
На наше огромно задоволство ве информираме дека по пауза од цели 14 години, успеавме да ви ја исполниме желбата и конечно на 29.07 (понеделник) Ви го најавуваме заедничкиот концерт на ДНК и ВРЧАК. 😎
Веднаш информирајте ја вашата девојка, дечко, другар, другарка, брат, сестра, мајка, татко, дедо и баба, бидејќи овој долгоочекуван заеднички концерт може да се случи сега па којзнае кога повторно! 😬
Локацијата ќе биде ваша омилена охридска плажа, Park Golden Beach 🏖️ со почеток во 21ч.
Ве очекуваме во огромен број за заеднички да ги испееме сите наши класики како: Навлечен на Тебе, Пази се од мене, Поп Перо, Седмо Небо, Недопирлива, Препушти се на мене, Повторно сам и уште многу други. Присуството е задолжително па “Што сака нека биде”
Од денс во 12ч влезниците ќе бидат пуштени во претпродажба, а со оглед на капацитетот на просторот ќе бидат во строго ограничен број (800 карти) по цена од 500 денари. Доколку останат, на врата ќе бидат 700ден.
Истите може да ги набавите кај Аждарот, на самата плажа “Golden Beach” и во кафе барот “Roosevelt” во Скопје.
Ние сме спремни и ве очекуваме за да испишеме уште една незаборавна вечер со вашиот омилен македонски музички тандем ☺️
Инфо/резервации: 078 65 57 77