31/05/2019
ПД КОРАБ-СКОПЈЕ и ПСК 18-ти АВГУСТ-СКОПЈЕ
ОРГАНИЗИРААТ
23 Традиционално искачување „Козјак '97" врв Козјак 1747 мнв
Поаѓање од Скопје: 02 јуни во 05:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/ Транспортен Центар).
Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак“ - Прилеп на ден 02.06.2019 го организира 23-тото традиционално искачување „Козјак '97“ на врвот Козјак 1747 мнв , на Бабуна планина.
Традиционалното искачување оваа година ќе се одвива по следната патека: ман. св. Ѓорѓија - Борула - Белото - врв Козјак - чешма Студенец - с. Плетвар.
Акцијата оваа година се организира и ДВА ДЕНА, со што заинтересираните учесници на ден 01.06.2019 по предвидената програма ќе се упатат кон ман. св. Ѓорѓија.
Цена за ноќевање во манастирот е 50 денари.
ПРОГРАМА
-САБОТА 01.06.2019-
15:30 - 16:00 - Собирање на учесниците кои учествуваат на дводневната акција на плоштад Александрија (пред Реклами).
16:00 - Тргнување од плоштад Александрија (пред Реклами), упатување по патеката Маркова чешма - Разбиколе - ман. св. Ѓорѓија с. Присад.
19:00 - Пристигнување во ман. св. Ѓорѓија с. Присад.
Во вечерните часови предвидено е дружење и забава за учесниците за која ќе се погрижи организаторот.
-НЕДЕЛА 02.06.2019 -
06:30 - 07:00 - Собирање на учесниците на еднодневната акција на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 - Тргнување од плоштад Александрија (пред Реклами).
07:30 - Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија, формирање на целосна група со учесниците кои учествуваат на дводневната акција.
08:00 - Старт од пред ман. Св. Ѓорѓија (с. Присад).
10:30 - Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 - Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 - Пристигнување на групата на чешма Студенец, каде што е предвидена подолга пауза за ручек и доделување на благодарниците за учество.
*НАПОМЕНА: Учесниците по пристигнувањето на чешма Студенец по сопствена волја одлучуваат дали со однапред одредените водичи ќе продолжат кон пештерата Рамниште - с.Оревоец - Прилеп (за што е потребна подобра физичка кондиција за околу двочасовно пешачење);
или ќе продолжат кон с. Плетвар каде со организиран превоз ќе се упатат кон Прилеп.
15:30 - Тргнување на едната група од чешма Студенец кон с. Плетвар и на другата група кон пештера Рамниште - с.Оревоец - Прилеп.
16:00 - Пристигнување на едната група во с. Плетвар.
16:30 - Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп со организиран превоз.
Цената на превозот од Прилеп до ман св. Ѓорѓија и од с. Плетвар до Прилеп е 150 денари.
Потребна опрема :
- добро разгазени планинарски чизми, јакна (на врвот има секогаш студен ветар), облека во зависност од временските услови.
Секој учесник на маршот си носи храна по сопствен избор за време на денот на искачувањето.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ОВАА АКЦИЈА НАЈДОЦНА ДО 30.05.2019 ЗАРАДИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ.
ПРИЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА:
https://filebin.net/4hwcpty73b7rbaf9
НAПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот, во спротивно сам е одговорен за последиците. Доколку учесниците не ги почитуваат правилата и препораките, водичите имаат право да исклучат член пред стартот на акцијата. Организаторот го задржува правото на промена во зависност од временските услови и останатите препреки кои може да ја нарушат безбедноста на учесниците на маршот за време на акцијата.
Организираниот превоз од Скопје ќе чини 550 денари, , а планинари кои имаат платено чланарина во ПСК 18-ти Август-Скопје за тековната 2019 година цената е 450,00 денари.
СО САМОТО УПЛАЌАЊЕ СЕ УТВРДУВА МЕСТОТО ЗА СЕДЕЊЕ ВО ВОЗИЛОТО,СО ТОА ШТО КОЈ ПОРАНО УПЛАТИ СИ ДОБИВА ПОНАПРЕД МЕСТО
ЗАРАДИ НАВРЕМЕНО ОРГАЗИРАЊЕ НА ПРЕВОЗОТ, ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НАЈКАСНО ДО 31.05.2019 год .
Информации на тел: 075/825-280 и 070 403-008.
ПСК 18-ти АВГУСТ
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Синиша Алексовски