Органо-Логистик Струмица

Органо-Логистик Струмица Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Органо-Логистик Струмица, Mladinska 146, Strumitsa.

По извесно затишје, услови за раздвижување на органското производство. Можност за земјоделците да добијат одговори околу...
15/02/2022

По извесно затишје, услови за раздвижување на органското производство. Можност за земјоделците да добијат одговори околу нивните прашања која заштита и прихрана ја има за нивните производи од органско потекло.

Органски методи за отстранување на крлежот.
01/12/2020

Органски методи за отстранување на крлежот.

Почитувани пчелари,

Денес, крлежот претставува еден од основните предизвици во пчеларството за чија контрола во пчелните семејства пчеларите одвојуваат значителни средства и време. За жал, употребата на синтетичките хемиски средства за многу пчелари сѐ уште останува основна или единствена опција, а помал е бројот на пчелари кои се одлучуваат за употреба само на органските киселини или биотехничките методи за контрола на крлежот. Со новиот прирачник „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“ (Узунов и Бихлер, 2020) на пчеларите им се нуди нова можност и визија за начинот на контрола на крлежот и добивањето на безбедни пчелни производи.

Го замоливме проф. д-р Сретен Андонов, како еден од соработниците на авторите, да даде свој осврт во однос на овој нов прирачник:

Осврт по повод публикувањето на прирачникот „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“

Со публикување на новиот прирачник за пчеларство „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“, авторите проф. д-р Александар Узунов и д-р Ралф Бихлер на едноставен начин „чекор по чекор“ доближуваат три биотехнички методи (Отстранување на легло, Матица во кафез и Рамка изолатор), за контрола на крлежот Varroa destructor, кој претставува најголемата закана за пчеларството во Светот. Прирачникот е резултат на повеќегодишното практичното искуство на авторите во примената и истражувањето на методите во Европа, а посебно во Македонија и Германија. Тука, авторите даваат препораки за правилна и навремена примена на методите, а воедно ги посочуваат и критичните точки и аспекти во примената на овие методи кои во голем степен сега се подобрени и прилагодени на различните услови и начини на пчеларење.

Публикувањето на прирачникот коинцидира и со објавувањето на најновиот научен труд на авторите, заедно со група истражувачи од повеќе региони во Европа, посветен на споменатите методи (Büchler et al., 2020 - Summer brood interruption as integrated management strategy for effective Varroa control in Europe). Со тоа, прирачникот придонесува за достапност на светските новитети и трендови во контролата на крлежот Varroa destructor, и полесна негова имплементација во секојдневието на пчеларите. Треба да се истакне современиот пристап на достапни информации за пчеларската литература, по во прирачникот методите се прикажани и преку видео записи т.е. употребата на QR кодови кои лесно се прегледуваат преку мобилните телефонски уреди.

Колку што јас сум информиран, во Македонија овој прирачник е прв материјал за оваа проблематика, кој преставува одличен материјал за пчеларите преку кој авторите Узунов и Бихлер праќаат јасна порака за промена на начинот на размислување и пчеларење во правец на употреба на средства и методи со кои ќе се гарантира безбедноста на потрошувачите на пчелни производи, пчеларите, а воедно и заштитата на животната средина.

Проф. д-р Сретен Андонов
Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје


Прирачникот „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“ е дел од пакетот литература (заедно со Пчеларскиот календар и Прирачникот за производство на матици и матичен млеч) што MacBee го вети на сите регистрирани учесници на советувањето „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“ организирано на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Затоа, денес, кога прирачникот е објавен, ќе Ви биде доставен со што MacBee го исполнува ветувањето до своите редовни поддржувачи и учесници на советувањата.

Прирачникот е подготвен со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (Програма за зачувување на природата), а отпечатен е во ограничен број од 300 примероци. MacBee ја презеде обврската само за дистрибуција на копиите поврзани со учеството на споменатото советување.

Со почит,

Дипл. зем. инж. Горан Алексовски,
Претседател на MacBee

06/07/2020

Почитувани,
Ве известуваме дека во СРЕДА на 08.07.2020 година ОО Црвен крст Струмица преку Клубот на крводарители а во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организира граѓанска крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Трансфузија Струмица од 08:00-14:00ч .
Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за Здравство.
#секадезасекого

28/05/2020

ИНФОРМАТИВЕН НАСТАН ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ -
МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА И ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

30 мај 2020 (петок), со почеток од 11ч

Простории на сушарата на Избор - Струмица
(индустриски комплекс на поранешната фабрикa – Струмичанка),
Бул. Гоце Делчев бб, на влезот од Кам маркет

АГЕНДА
11.00 – 11.10
11.10 – 11.20 Поздрав и претставување на визијата на Избор/Покров за развој на производствениот капацитетот во сушарата во наредни 3-5 години
• г. Сократ Манчев – Извршен директор
Посветеност на УНДП во делот на поддршка за ранливите категории на граѓани и поддршка поврзана со кризата од Ковид-19
• г-а Ромела Поповиќ Трајкова – Проектен менаџер во УНДП, Проект: Креирање можности за работа за сите – Главна фаза
11:20 – 11.40 Предности на здружувањето во промоција и пласман на производи; Капацитет на сушарата и можности за договорно производство;
• г. Сашо Ристески – агроном и независен консултант, технички секретар на Македонската aсоцијација на преработувачи (МАП)
11.40 – 11.50 Технологија на сушење со инертен гас и предностите што истата ги нуди на пазарот
• г-а Лилјана Колева – Гудева – професор на Универзитетот Гоце Делчев и независен советник и истражувач
11.50 – 12.30 Дискусија со индивидуалните земјоделци и производители
• Ситуација со тековното производство, планови за пролетната сеидба, можни ризици, интерес за соработка и сл.
12.30 – 12.45 Изјави
12.45 - 13.15 Коктел и Освежување

Address

Mladinska 146
Strumitsa
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Органо-Логистик Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Органо-Логистик Струмица:

Share