10/04/2026
Ако ја отворите интернет-страницата на МАФ, покрај прекрасните фотографии, новостите за клубовите, обуките и ентузијазмот зад првенствените насоки и другите тајни на оваа заедница, ќе прочитате: „Алпинизмот е контемплативен однос на човекот со планината и карпата, како еден од најсигурните начини за пронаоѓање на подоброто во себе. Тешкотиите и опасностите со кои се среќаваме за време на алпинистичките искачувања ја зголемуваат нашата свесност за постоењето и нè учат на поголема љубов и почитување кон животот со сите негови убавини и вредности.”
Бидејќи ги препознаваме вредностите на алпинизмот, од сега нашиот објект е партнер на Македонската Алпинистичка Федерација. Со тоа, македонските алпинисти ќе можат да уживаат посебни поволности при посетата на нашето место, хотел на највисоката позиција на Балканот. А, колку само сме заинтересирани кога учиме за оваа заедница, за почетоците, за големите МАХЕ експедиции, за специфичностите на оваа спортска дејност, за новите предизвици.
И како што во светот постојат северната страна на Ајгер, планината Серо Торе или Ел Капитан, така и на само неколку часа од нас, во Македонија, постои Лешница, волшебениот регион во срцето на Шар Планина.
Искрена благодарност до претседателот на МАФ, господинот Александар Зарапчиев, за љубезноста и поддршката, како и до останатите херои на карпите и ПК Љуботен, за инспирацијата да се стремиме напред. И нагоре.