08/05/2026
Почитувани гости, пријатели и соработници,
Со голема благодарност и гордост славиме 17 години успешна работа на ресторанот Брод Панини. Овие години се исполнети со многу убави моменти, доверба, пријателства и незаборавни вкусови кои заедно ги создававме.
Ви благодариме што бевте дел од нашата приказна, што нè поддржувавте и што повторно ни се враќате со насмевка. Вашата доверба е нашата најголема мотивација да продолжиме со истата посветеност, квалитет и љубов кон добрата храна и пријатната атмосфера.
Наздравуваме за изминатите 17 години и за уште многу успешни заеднички моменти!
Со почит,
Тимот на Брод Панини