09/05/2026
Во рамки на „Генералка викенд“, денес се спроведе акција за чистење на патниот правец Смолејца → Јанков Камен.
На релативно краток планински потег беа собрани повеќе од 12 вреќи отпад - бројка што навистина остава простор за размислување, особено ако се земе предвид каде се наоѓа оваа локација и колку малку е потребно за природата да остане чиста.
Голема благодарност до сите што одвоија време, присуствуваа и помогнаа и покрај лошите временски услови. Ваквите акции не менуваат ништо преку ноќ, но многу кажуваат за односот што го имаме кон местото во кое живееме.
Се надеваме дека во иднина ќе бидеме малку потивки на тастатура, а малку погласни со личен пример и дека ќе имаме уште повеќе вакви акции, но со многу помалку полни кеси на крајот 🌿